Британија ја гаси последната термоцентрала во земјата

термоцентрала фото МИА

Единствената преостаната британска термоцентрала, во Ратклиф-он Соар во областа Нотингемшир, денеска ќе престане со работа, по 57 години работа.

Ова е последица на одлуката на Владата да престане да произведува струја од јаглен, а одлуката е донесена пред десет години. Престанокот со работа на споменатата централа претставува крај на британската историја на користење јаглен, која траела 142 години. Производството на електрична енергија од јаглен во оваа земја започнало во 1882 година, а првата термоелектрана во светот била британската централа Холброн Вијадукт.

Застапниците на обновливата енергија го поздравија затворањето на последната термоелектрана, велејќи дека тоа е големо достигнување во намалувањето на емисиите на јаглерод во ОК. Покрај тоа, тие веруваат дека земјата со тоа обезбеди меѓународно лидерство во заштитата на животната средина и праведна енергетска транзиција.

„Денешното затворање на Ретклиф е крај на една ера и работниците со право можат да се гордеат со својата работа, која ја напојува нашата земја веќе 140 години. Како земја должиме генерации“, рече министерот за енергетика Мајкл Шанкс.

Велика Британија е првата земја која прецизно постави рок за завршување на производството на електрична енергија од јаглен до 2025 година, откако воведе строги регулативи за постепено намалување на работното време на своите термоелектрани.

Последната британска термоцентрала некогаш вработувала 3.000 инженери. Во оваа земја во текот на 1980-тите 80 отсто од електричната енергија се произведуваше од јаглен, додека во 2012 година изнесуваше 40 отсто. Целосниот прекин на производството на електрична енергија од јаглен се случи како резултат на високите даноци на јаглерод и поевтиното производство од обновливи извори на енергија, пишува весникот Гардијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот