Бразил не ја заборава својата легенда: Пеле доби национален празник

Фото: EPA-EFE/MAURICIO DUENA CASTANEDA

На 29 декември 2022 година Бразил и светот останаа без големиот Пеле кој на тој ден почина на 82-годишна возраст.

Сега еден од најголемите фудбалери во историјата доби огромна чест од својата земја.

Имено, Бразил одлучи денот кога Пеле стигна до 1.000 погодоци во дресот на Сантос на натпреварот Васко де Гама да биде национален празник.

Така 19. ноември (денот кога се одигра натпреварот) Бразилците ќе го слават како „Денот на кралот Пеле“. Оваа информација беше потврдена од претседателот на Бразил, Луис Инасио Луна Да Силва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот