Братот на албанскиот премиер Еди Рама, Олси Рама се појави во Специјалното обвинителство

Олси Рама, брат на албанскиот премиер Еди Рама/Фото: Скриншот/OraNews

Братот на албанскиот  премиер Еди Рама, Олси Рама, пред малку се појави во просториите на албанското Специјално обвинителство за организиран криминал (СПАК).

Конкретните причини зошто Олси Рама бил повикан во СПАК се уште не се познати, тој е снимен како ги изведува процедурите на влезот од зградата.

Во април годинава Олси Рама, братот на премиерот на Албанија, беше јавно посочен од страна на опозицискиот пратеник Газмент Барди дека е „вклучен во криминалната организација на Ксибрака“.

Барди испрати писмо до специјалното обвинителство на СПАК да започне истраги, а Олси Рама против Барди покрена тужба за клевета

„Денеска поднесов жалба против бесрамниот пратеник Газменд Барди, кој јавно ја наруши мојата јавна чест и достоинство, како поединец, родител и менаџер на познат фудбалски клуб, измислувајќи тотално непостоечка врска меѓу мене и група дилери на дрога“, изјави Рама во таа прилика.

Пратеникот од опозициските Демократи Барди  се повика на документите на Обвинителството за тешки кривични дела и податоците на системот ТИМС за да го докаже, според него, фактот дека Олси Рама во текот на 2014 година користел ист автомобил како и другите осуденици од досието „Ксибрака“, каде што полицијата откри во тоа време лабораторија за преработка на кокаин во истоименото село. „Ксибрака“ е првата лабораторија за кокаин што е откриена во Албанија, само една година откако Еди Рама дојде на власт.

Олси Рама во својата тужба додава дека не е „политичар“ и нема друга врска со политиката, „освен како гласач на мојот брат“.

„Навистина се надевам дека обвинителството на СПАК, во кое веруваме јас, заедно со многу други, нема да го однесе моето обвинение во големата канта на оваа апсурдна нормалност. Целосно сум достапен да ги истражи „доказите“, како што вели дрскиот пратеник, за ​​мојата припадност на криминална група шверцери на дрога“, рече меѓу другото Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот