Борисов се извини за „северномакедонци“

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес-конференција се извини што неодамна граѓаните на Северна Македонија ги нарече „северномакедонци”.

– Извинете што кажав северномакедонци, тоа беше моја грешка. Граѓаните на Република Северна Македонија, простете, но несакајќи го кажав тоа. Згрешив, тогаш, згрешив – изјави Борисов.

На новинарските прашања во врска со изјавите од бугарска страна „дека Гоце Делчев е Бугарин“, Борисов за одговор упати кај историчарот Ангел Димитров, кој заедно со бугарската делегација е во посета на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот