Борбата против коцкањето е меѓу приоритетите на оваа власт, вели Меџити

Меџити и Касами / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Меѓу главните приоритети на оваа Влада е борбата против коцкањето, го повтори вечерва првиот вицепремиер Изет Меџити од коалицијата Вреди за ТВ Алсат М.

„Ние останавме доследни на нашата кампања, а еден од нашите приоритети беше борбата против коцкањето. Минатата недела со првата одлука на Владата првично беше раскинат договорот за закуп меѓу Лотарија и зградата на поранешниот ресторан ‘Фестина’ во Визбегово. Потоа се укинаа концесиите кои незаконски беа дадени за онлајн казина и третата одлука е борба против организацијата на црното коцкање“, рече Меџити.

Меџити беше прашан и за посетата на рускиот амбасадор на Oпштина Куманово, каде што заедно со градоначалникот Максим Димитриевски ја разгледуваа можноста за воведување на рускиот јазик во училишните програми. Според Меџити, ова е само средба од локален карактер која не ја разнишува европската визија на оваа Влада и дека САД остануваат најсилниот сојузник на нашата земја.

„Знаете дека оваа влада го пречека премиерот на Косово, Албин Курти во првата официјална посета, а локалните посети на руските амбасадори во Општина Куманово немаат никаква врска со нашата визија, додека одговорот ќе го добијат на следните избори“, рече Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот