Бора Чорба во песна ја изрази последната желба: Моето тело пратете го во Чачак, а срцето оставете го во Љубљана

Фото: Горан Десковски

Фронтменот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ почина во болница во Љубљана како последица на тешко воспаление на белите дробови.

Рокерот секогаш беше отворен и јавно зборуваше без да се воздржува на бројни теми. Како чачанец истакна дека и покрај повеќедецениската кариера бил нервозен кога настапувал во родниот град.

– Роден сум во Чачак и бев многу возбуден кога го добив признанието почесен граѓанин. Јас сум чачанец, кој работи привремено таму некаде, сите ние што сме надвор од Чачак еден ден ќе се вратиме на падините на Јелица за да останеме трајно во Чачак – зборуваше со шеговит тон, а за приказните дека заслужил една од улиците во неговиот роден град да го носи неговото име, тој рече:

– Обично тоа признание го даваат постхумно, а постхумно не ми значи многу, бидејќи нема да знам. Би сакал да доживеам такво нешто во Чачак. Додуша, имам нешто слично во белградската зоолошка градина, таму има патека наречена сокакот на Бора – рекол тогаш Бора.

– Голема е одговорноста да свирам во Чачак, јас во мојот град секогаш имам трема, дури и сега на оваа возраст – објаснил тој.

За време на концертот во Чачак, тој ја рецитирал песната „Две гитаре“, која ја напишал заедно со покојниот басист Миша Алексиќ и со која ја расплакал публиката, а на чачаните во аманет им ја оставил како последна желба на Чачанци:

„Испратете го моето тело во Чачак, во Србија, а срцето оставете ми го во Љубљана, нека биде таму. Не трошете си ги парите, јас не сум толку важен лик“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот