„Бомба“ во НБА: Пол Џорџ за договор вреден 212 милиони долари се сели кај Ембид!

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

НБА-ветеранот Пол Џорџ ќе стане нов член на Филаделфија, пренесуваат најпознатите кошаркарски новинари во САД.

Деветкратниот ол-стар ќе потпише четиригодишен договор со Филаделфија вреден 212 милиони долари и така ќе му се придружи на Џоел Ембид.

Ембид и Џорџ се едни од најдобрите кошаркари на денешницата кои сè уште немаат шампионски прстен и сега ќе се обидат тоа да го променат.

Џорџ во минатата сезона за Клиперси имаше просек од 22.6 поени, 5.2 скока и 3.5 асистенции по натпревар. Клиперс стигнаа до првата рунда од плеј-офот каде што беа елиминирани од Далас.

Во кариерата Џорџ настапуваше уште за Индијана и Оклахома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот