„Бомба“ во Белград: Звезда добива засилување до актуелниот шампион во НБА лигата?!

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Eкипата на Црвена Звезда со големи амбиции влезе во новата сезона, но на стартот од АБА лигата претрпеа изненадувачки пораз од Дубаи.

Во овој натпревар се покажа дека на црвено-белите им е потребно засилување на позицијата крилен центар, а според последните информации тука би можел да пристигне играч од актуелниот шампион на НБА лигата.

Станува збор за 26-годишниот Канаѓанец Ошај Бриест. Доскорешниот кошаркар на Бостон Селтикс кој е висок 201 сантиметар нема искуство во Европа, а пред да стане дел до шампионот од НБА играше за Торонто и Индијана Пејсерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот