Бојан Миовски помогнал во трансферот на Трапановски во Данди Јунајтед

Фото: dundeeunitedfc.co.uk

Tренерот на Данди Јунајтед, Џим Гудвин откри дека македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски помогнал во ангажман на Кристијан Трапановски кој стана третиот Македонец во шкотското фудбалско првенство.

Миовски го носи дресот на Абердин, Давор Здравковски е член на Мадервил, додека од наредната сезона Трапановски ќе настапува за Данди Јунајтед. Гудвин откри дека Миовски одиграл своја улога во трансферот.

„Успеавме да го ангажираме Трапановски благодарение на мојта врска со агентот на Миовски. Миовски кажа многу добри зборови за него и така ни помогна да го доведеме Кристијан“, изјави Гудвин.

Трапановски со тимот на Данди потпиша договор на две години со опција за продолжување на уште една.

Трет Македонец во Шкотска: Трапановски потпиша за Данди Јунајтед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот