Бодо/Глимт го совлада Порто на стартот во Лигата на Европа

фото: EPA-EFE/Mats Torbergsen

Во рамките од првото коло во новата сезона од фудбалската Лига Европа играчите на Бодо/Глимт пред своите навивачи со 3:2 славеше против еден од фаворитите за трофејот во ова натпреварување, Порто.

Португалците поведоа во осмата минута со погодокот на Омородион, а во 15 минута следуваше израмнувањето на домаќините преку Хог.

Во 40 минута норвешкиот претставник успеа да направи пресврт со голот на Хауге.

На стартот од вториот дел во 51 минута домашната екипа остана со фудбалер помалку поради вториот жолт картон на Маата.

Но, и покрај тоа Бодо/Глимт изненадувачки дојде до уште еден гол преку Хауге кој по втор пат се запиша во листата на стрелците во 62 минута за 3:1.

До крајот на дуелот гостите успеаја само да го ублажат својот пораз во 90 минута кога домашната мрежа ја затресе Гул.

Се одигра уште еден меч, холандскиот АЗ Алкмаар на домашен терен со 3:2 триумфираше против шведскиот Елфсборг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот