Бочварски: Во М-НАВ не смее да има манипулации во која било постапка

Навигациска контролна кула/Фото: МИА

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оцени дека прашањето за вработување контролори на летање е затворено согласно со домашните процедури и законите и меѓународните правила и оти во Македонска навигација М-НАВ не смее да има никакви манипулации во која било постапка.

Одговарајќи на новинарски прашања Бочварски рече дека М-НАВ е институција која што има свои надлежности во однос на контролата на летање, свој Управен одбор и директори коишто ја водат компанијата, како и дека работи по сите меѓународни стандарди и правила согласно Евроконтрол.

Таму не смее да има никакви манипулации во која било постапка и да се води во однос на оваа компанија. И токму поради тоа, вчера Владата информираше, но и компанијата информирала дека веќе е завршена постапката за вработување, согласно процедурите коишто ги имаат. Поради тоа сметаме дека тоа прашање е затворено на начин на коешто треба да биде затворено согласно процедурите и законите во државата и меѓународните правила, рече Бочварски на новинарско прашање, по презентацијата на веб порталот e transport.

По реакциите на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) од каде изразија сомнеж дека има планови за поништување на огласот бидејќи не биле избрани кандидати блиски на менаџментот и на функционери, раководството на М-НАВ АД Скопје вчера го прифати изборот на кандидати за обука за контролори на летање, предложен од Комисијата за избор и селекција и даде насоки за нивно вработување на определено време и упатување на школување.

Од УО на М-НАВ наведоа дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што било наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено е точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот