Бочварски вели дека Владата е „силно посветена“ на изградбата на пругата кон Бугарија

Фото: Министерство за транспорт и врски

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска се сретна со заменикот на неговиот колега од Бугарија, Красимир Папукчиски, со кого разговарале за „инфраструктурните проекти што се реализираат на регионално ниво, со посебен акцент на железничкото поврзување помеѓу двете земји“.

Бочварски рекол дека „Северна Македонија е силно посветена на доизградба на железничкиот Коридор 8, процес кој е дел од интеграцијата на транспортниот систем на земјата во Европските коридори“, соопшти неговото министерство.

На средбата се отворило и прашањето за изградба на железнички тунел кој ги поврзува двете земји на граничниот премин „Деве Баир“, како и за отворање на новиот граничен премин „Клепало“. Двете страни се заложиле да се интензивира работата на меѓудржавната комисија, за поефикасна реализација на инфраструктурните проекти.

Во соопштението пишува и дека Бочварски „ја потврдил значајната соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија“ и ја нагласил потребата од „одржување и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот