БНР: Албанија и Северна Македонија се раздвојуваат, Тирана ги почнува преговорите со ЕУ

Постојаните претставници на ЕУ на денешната средба во Брисел едногласно донеле одлука за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Албанија идниот месец, јави Бугарското национално радио, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Почетокот ќе биде даден на 15 октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ-Албанија во Луксембург. Потоа ќе се отвори „Кластерот 1: Основни прашања“.

Во пракса тоа значи одвојување на европските патишта на Албанија и Северна Македонија, велат изворите на БНР во Брисел. Неодамна ова сценарио го најави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој рече дека „целта е во октомври да се одржат меѓувладини конференции со Србија, Албанија и можеби Северна Македонија“.

Албанија и Македонија во ист ден ги одржаа првите меѓувладини конференции во јули 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот