Блинкен: Санкциите против американски граѓани се неоправдани

Фото: EPA-EFE/VIRGINIA MAYO / POOL

САД ги осудуваат санкциите што Кина ги воведе кон двајца американски државјани и сметаат за неосновани, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува агенцијата ТАСС.

– САД ги осудуваат неоправданите санкции на Кина против двајца членови на американската Комисија за меѓународна верска слобода, кои очигледно беа воведени како одговор на американските санкции против кинеските власти за сериозно кршење на човековите права во Синџијанг, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Кина вчера соопшти дека воведува санкции за поединци и организации во САД и Канада како одговор на санкциите наметнати врз кинески граѓани и организации во врска со почитувањето на човековите права на Ујгурите, јави агенцијата „Синхуа“.

Кина ќе воведе санкции против Гајл Манчин, шеф на американската Комисија за меѓународна верска слобода и на Тони Перкинс, заменик претседател на комисијата.

Санкции ќе бидат воведени и против канадскиот пратеник Мајкл Чонг и на канадскиот парламентарен комитет за човекови права, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Забрането е влегување на овие лица и членови на Комисијата на територијата на Кина, Хонг Конг и Макао. „Синхуа“ соопшти дека санкциите се одговор на постапките на тие две земји, кои на 22 март воведоа „еднострани санкции за соодветни физички и правни лица во Синџијанг, засновани на дезинформации”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот