Битиќи: Ќе се менува моделот за раст на пензиите, за да можат да растат повеќе

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија / Утрински брифинг
Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија / Утрински брифинг

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи го потврди она за што денеска пишуваше „Слободен печат“ – дека се размислува за промена на моделот за раст на пензиите.

Според него, сегашниот модел не обезбедува достоинствен раст на примањата за пензионираните граѓани.

Во гостување на „24 анализа”, Битиќи истакна дека пензиите ќе растат паралелно со минималната плата.

– Решение може само низ конструктивен дијалог. Кај минималната плата осигуруваме дека и наредните години ќе растат и кај пензиите исто така ќе има раст. Во делот кој разговараме е моделот со кој пензискиот фонд да се одржи стабилен и одржлив за да може од него да се добиваат пензии и наредните пензионери. Не сум научен да играм со проценти и со решение во кои не гледам доследна анализа. Предвидливоста ќе ја имаат до 2026. Сакаме решенија со кои ќе им овозможиме достоинствен живот. Сметам дека пензискиот фонд осигурува доволно стабилен приход за да се обезбеди пораст на пензиите, нагласи Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот