Битиќи ја критикуваше власта за заглавената ЕУ-интеграција, ВМРО-ДПМНЕ му одговори

Фатмир Битиќи, кандидат за пратеник од СДСМ/Фото: СДСМ

Одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција, Фатмир Битиќи од СДСМ рече дека во сите анкети, над 75 проценти од граѓаните велат дека се за членство во ЕУ и дека политичарите имаат обврска да носат одлуки за да одговорат на нивното очекување.

„Владата треба да каже кој е нивниот план. На власта беше да ги подобри условите како што ветуваше. И сегашната партија ВМРО-ДПМНЕ нема добиено повеќе од 25 отсто од вкупниот број граѓани на изборите. Легитимитетот на изборите не мора да значи дека се носат добри одлуки. Но, и да прифатиме дека е тоа така, нивно беше да ги сменат условите. Да го сменат и Францускиот предлог, да ја сменат и Преговарачката рамка, и да го вратат името. Очигледно гледаме сценарио во кое, за жал, продолжува стариот манипулативен приод на оваа гарнитура, да изманипулираме што можеме за избори, а после кога ќе ја добиеме власта ништо од тоа не важи“, рече Битиќи.

Тој додаде дека во седмицата што претстои изминуваат 100-те дена од формирањето на Владата и дека на следните пратенички прашања власта треба „да дојде со план каде ќе се движи Македонија во наредните години, кога е очигледно одвојувањето на европскиот пат од другите земји“.

На ставовите на Битиќи одговорија од ВМРО-ДПМНЕ:

„Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи? СДС е партијата која произлезе од КПМ, тоа е партија која секогаш е против европските интеграции и партијата заради која сме заглавени во нашиот пат кон ЕУ. СДС свесно ја спои земјата со Албанија, а после работеше се за раздвојување. СДС ликува затоа што Македонија е заглавена. СДС со години ја држеше државата како мафијашка фавела, за да може да прават криминал и корупција. Затоа и сега Македонија е заглавена“, велат од владејачката партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот