Битиќи: Целосно сме посветени на диверзификација на изворите на гас – ќе имаме поевтин и постабилен доток

„Уште минатата година донесовме одлука дека треба да направиме диверзификација на изворите на гас. Веќе е потпишан договорот за интер-конекторот со гас за гасоводот од Грција кон Северна Македонија“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека во понеделник ќе се потпише договорот за вклучување на нашата држава во проектот за Александрополис и дека во наредните 15 години ќе осигураме 500 милиони метри кубни гас од тој терминал.

„Со гасоводот обезбедуваме да се донесат и 3,3 милиони нормални метри кубни гас од Александропулос, но и дополнителни 2,8 милиони нормални метри кубни од Азербејаџн или од други извори“, вели Битиќи.

Како што рече вицепремиерот, со тоа ќе се обезбеди доволно гас, но и ќе се диверзифицираат изворите.

„Тоа ќе значи дека ќе имаме поевтин, постабилен и независен доток на гас, без разлика на геостратешките случувања“ заклучи Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот