Бислимоски: Вечерва ќе објавиме нови цени на горивата, ќе важат од полноќ

Фото: Слободен печат

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека РКЕ вечерва ќе одржи нова седница на која што ќе ги разгледа анализите и ќе информира за новите цени на горивата.

„Промената во цените би стапила на сила од полноќ. Методологијата е базирана на котации на берзата за претходните пет дена. Претходно правевме од понеделник до петок, а сега можеме во било кој период, од една единствена причина, бидејќи по ваков драматичен пораст на цените на светските берзи, ние определивме цена врз тоа што се случуваше.

Факт е дека трговците кај нас купуваа нафтени деривати со многу повисока цена отколку што ја утврди РКЕ. На тој начин трговците имаа големи загуби околу 5 до 6 милиони евра на неделно ниво. Не сакаме да воведеме проблеми во сигурноста во снабдувањето на нафтени деривати“, рече Бислимоски во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Првиот човек на РКЕ не сакаше да открие дали вечерва може да се очекува зголемување на цените на горивата, додека не стигнат законските решенија за намалување на давачките, кои денеска ги објави Владата.

„Се случува енормен пораст на дизелот на светските берзи, каков што не се памети досега“, информира Бислимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот