„Бич филм фестивал“ во Охрид со шпански филмови под ѕвездите

Фото: Промо

Во екот на туристичката сезона во Охрид и оваа година се одржува седмото издание на „Бич филм фестивал“ (Beach Film Festival) од 17 до 21 јули.

Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции и музички перформанси на 4 локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински културен центар.

Годинава земјата во фокус е Шпанија со поддршка од шпанската амбасада на РСМ и ќе се прикажат филмови за сите возрасти, вклучувајќи ги и најмалите. Филмовите смело ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските. Ќе бидат прикажани како претпрограма од 3 – 7 јули 2024 на Плажата Сараиште и проекциите ќе бидат од отворен карактер, бесплатни за сите посетители.

„Бич филм фестивал“ секоја година расте не само квантитативно со бројот на филмови што се прикажуваат, но и квалитативно со изборот на европски филмови.

Фото: Промо

(Комерцијална објава)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот