Без знаци на живот пронајдена изгубената планинарка на Шар Планина

Шар Планина (фото: Архива)

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека потрагата по изгубена 72-годишна планинарка (Ј.Ч.) на Шар Планина утрово за жал заврши со пронаоѓање на нејзиното тело без знаци на живот.

„Преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 вчера во 11.57 часот беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка на Шар Планина во реонот на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и утрово. Во потрагата беа вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 7.30 часот е пронајдена жената во месноста Ружен Камен, но без знаци на живот. За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен интервенираше алпинистот Надир Мурсели“, информираат од ЦУК.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а известен е и Јавен обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот