Беспилотни летала нападнаа складиште за муниција во регионот на Волгоград

Украински беспилотни летала нападнаа складиште за муниција во регионот Волгоград во Русија, јавуваат руските медиуми.

Според локалните жители, нападнатиот објект во селото Котлубан бил складиште за муниција во активна употреба од почетокот на руската целосна инвазија на Украина.

Засега руски официјални извори не ја коментираат ситуацијата, но според локалните власти пожарот и детонирањето на експлозивните материјали започнале откако паднале остатоците од дрон.

Руските сили тврдат дека територијата на Руската Федерација била нападната со 200 беспилотни летала, од кои 125 биле уништени во текот на ноќта.

Од нив, 67 беспилотни летала се пресретнати и уништени над територијата на регионот Волгоград, 18 над Ростовската област и 17 над Белгородскиот и Воронежскиот регион.

И покрај големиот број пресретнати беспилотни летала пријавени од руските власти, повеќето успеале да стигнат до стратешки важни руски објекти.

Пожарот на магацинот е снимен од сателити на НАСА.

Во магацинот била складира артилериска муниција и проектили за ракетни системи со повеќекратно лансирање.

Според некои извори, овој магацин можел да се користи за складирање на ирански балистички ракети и фрлачи за нив.

Треба да се напомене дека складиштето се наоѓа на 300 километри од границата со Украина и беше една од приоритетните цели, бидејќи непријателот го користеше за складирање муниција, која потоа беше испратена до руските војници на територијата на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот