Берлинската полиција изврши претрес во становите на палестинските активисти

Берлинската полиција изврши претрес во становите на пет пропалестински активисти.

Меѓу нив е и еден кој наводно фрлил држач за микрофон кон градски функционер, пренесува ДПА.

Полицијата и јавниот обвинител во Берлин објавија дека петмината мажи се осомничени дека извршиле кривични дела за „наводни пропалестински активности“.

Мажите на возраст меѓу 18 и 40 години се осомничени за нарушување на јавниот ред и мир, поттикнување омраза и употреба на симболи на неуставни организации.

Никој не беше уапсен. Во рациите учествувале околу 125 полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот