Бендевска се заколна во РС Македонија, Митрески во Република Северна Македонија

Весна Бендевска, Јован Митрески потпретседатели на Собрание Фото: Принтскрин

Пратениците денеска на пленарна седница ги избраа Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од опозициската СДСМ и Весна Бендевска од владејачката ЗНАМ за потпретседатели на Собранието.

Антонијо Милошоски поради здравствени причини не присуствуваше на седницата и како што информира претседателот на Собранието Африм Гаши, тој во следната прилика ќе даде свечена заклетва како потпретседател на Парламентот.

За Милошоски гласаа 69 пратеници, за Митрески се изјаснија 82 пратеници, а за Бендевска 70.

Гаши заклетвата дека потпретседателите при вршење на функцијата ќе го почитуваат Уставот и законите на Република Северна Македонија ја читаше на македонски јазик. Бендевска заклетвата ја изговори со РС Македонија, додека Митревски ја повтори како што претседателот Гаши ја прочита Република Северна Македонија.

Впечаток е дека функционерите во зависност на тоа на која партија и припаѓаат и пред се дали го прифаќаат уставното име, прават варијации на свечената заклетва за да не го употребат уставното име Република Северна Македонија.

Претходно на инаугурацијата за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова во заклетвата изговори само Македонија, без придавката Северна, но и без Република.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот