Белорусија ослободи политички затвореници

Белорусија / Фото: PA-EFE/YAUHEN YERCHAK

одечката фигура на белоруската опозиција во егзил, Светлана Тихановска, денеска соопшти дека се ослободени некои политички затвореници во Белорусија, земја сојузник на Русија, каде што има репресија врз противниците на власта.

„Денеска сме сведоци на првите случаи на ослободување на политички затвореници во Белорусија, напиша Тихановска на мрежата „Х“.

Таа не ги спомна имињата или бројот на ослободени затвореници.

Според невладината организација за одбрана на човековите права „Весна“, во земјата има повеќе од 1.400 лица кои се во затвор поради спротивставување на режимот на претседателот Александар Лукашенко, кој овој месец одбележува 30 години на чело на државата.

Лукашенко вчера навести дека некои опозиционери наскоро би можеле да бидат ослободени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот