Белгиецот кој уби шестмина на карневалот во неделата, обвинет за убиство од небрежност

Инцидент во Белгија / Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Човекот кој со својот автомобил удри и усмрти шест лица, посетители на карневал во белгискиот град Стрепи-Бракенис, е обвинет за убиство од небрежност, соопшти денеска белгиската агенција Белга.

Инцидентот се случи во неделата, кога 34-годишен возач влетал во толпа луѓе во овој јужен белгиски град, при што тешко беа повредени уште десет лица.

Возачот беше приведен, а обвинет е и неговиот совозач. Набргу по несреќата, истражителите ја отфрлија тезата дека мотивот е тероризам и веруваат дека причина за трагедијата е неговото опасно возење, без намера да убие некого.

Обвинителството соопшти дека обвинетиот признал дека возел пребрзо и сопирал пред инцидентот.

Белгиската телевизија ВРТ јавува дека возел 90 километри на час во област каде ограничувањето било 50.

Возачот изјавил дека по инцидентот продолжил да вози неколку стотини метри бидејќи бил во шок, а имал и малку повисоко ниво на алкохол во крвта од дозволеното.

Четворица загинати откако автомобил влета на карневалски собир во Белгија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот