Бектеши: Ќе има кризна состојба, ама не и рестрикции на струја

Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има со цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, истакна министерот за економија Крешник Бектеши, кој во вечерашното гостување на телевизија „Алсат” порача дека Владата ја следи ситуацијата.

– Моментално не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании во земјата, вклучувајќи ги и ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност, за да може да се интервенира во увозот на струја, рече Бектеши.

Тој најави дека уште на првата владина седница, која треба да се одржи во вторник, ќе предложи да се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор.

– Утре и во петок ќе имаме средба со членовите на Комисијата предвидена во рамки на Уредбата за прогласување кризна состојба. И јас како министер за економија на првата владина седница, која се предвидува да се одржи во вторник, ќе и предложам на Владата да ја прогласиме оваа состојба, рече Бектеши.

Колку средства од буџетот, ќе бидат трансферирани за енергетските компании ќе се знае утре или задутре кога, како што рече Бектеши, ќе се направат конечните анализи.

– Ве уверувам дека Владата има средства за да интервенира и во зависност од потребите на енергетските компании, толку средства ќе се пренесат директно од буџетот, појасни Бектеши во вечерашното гостување на Алсат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот