Барселона го потврди трансферот на Шчесни

Фото: FC Barselona

Барселона денеска и официјално го потврди трансферот на полскиот голман Војчех Шчесни кој во клубот пристигнува како слободен играч без оштета.

Шчесни најави пензија по заминувањето од Јувентус, но по понудата од Барселона ја промени својата одлука и одлучи да застане на голот на каталонскиот гигант.

Каталонците го ангажираа Шчесни по повредата на Марк Андре Тер Штеген кој ќе се врати дури во наредната сезона.

На располагање Флик полскиот чувар на мрежата ќе го има веќе за наредниот натпревар на Барселона за викендот во шпанската Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот