Барса се договори со полскиот голман Војчех Шчесни

фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Полскиот голман Војчех Шчесни во вторникот доби понуда од фудбалскиот клуб Барселона и ја прифати, согласувајќи се на преселба кај Каталонците, пишува шпанското издание Релево.

Барселона остана без својот стартен чувар Марк-Андре тер Штеген, кој се здоби со тешка повреда и се соочува со долго закрепнување.

Шчесни (34) минатиот месец објави крај на својата кариера, но се чини дека е подготвен да се врати на терените.

Сепак, раководството на Барса ќе мора да преговара со поранешниот клуб на Полјакот Јувентус за да го комплетира трансферот.

Италијанскиот гигант вклучи клаузула во раскинувањето на договорот на Шчесни дека ќе следува парична казна доколку голманот дојде во друг тим во одреден временски период, па тоа останува да се види.

Каталонците ќе се обидат да ја намалат сумата што треба да ја платат. Тие имаат право да искористат 80% од платата на Тер Штеген за да ангажираат нов играч, што изнесува околу седум милиони евра.

Барса најмалку осум месеци без голманот Тер Штеген

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот