Барбра Стрејсенд се збогува со Кристоферсон: Штом го видов, знаев дека е посебен

Фото: NZ / Christophel Collection / Profimedia

Крис Кристоферсон, влијателниот американски пејач, актер и текстописец, почина во саботата на 88-годишна возраст. Многу ѕвезди сега се збогуваат со него.

Барбра Стрејсенд, која глумеше со Крис во филмот „A Star Is Born“ од 1976 година, рече дека знаела дека Кристоферсон е „нешто посебно“ првиот пат кога го видела како настапува.

Фото: Инстаграм/ barbrastreisand

„Тој изгледаше како совршен избор за сценариото што го развивав, кое на крајот стана „A Star Is Born“, напиша Барбра на Инстаграм.

„Во филмот, Крис и јас пеевме песна што ја напишав за главната љубовна тема на филмот – Евергрин. На мојот последен концерт во 2019 година во лондонскиот Хајд Парк, го замолив Крис да ми се придружи на сцената и да го отпее нашиот дует „Lost Inside of You“. Тој беше шармантен како и секогаш, а публиката го награди со аплауз. Беше задоволство да се види како го добива признанието и љубовта што и тоа како ги заслужи“, додаде таа.

Меѓу музичарите кои му оддадоа почит на Кристоферсон беше неговата колешка, американската кантри ѕвезда Доли Партон, со која глумеше во филмот „Joyful Noise“ од 2012 година.

Таа на Инстаграм напиша: „Каква голема загуба. Каков одличен писател. Каков одличен актер. Каков одличен пријател. Секогаш ќе те сакам, Доли“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Портпаролот на семејството изјави дека Кристоферсон починал во својот дом во Мауи, Хаваи, опкружен со семејството, но не ја прецизираше причината за смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот