Балуку вели дека хаваријата со струјата настанала поради високите температури и високата потрошувачка

Министерката за енергетика во Албанија Белинда Балуку го коментираше денешниот дефект поради кој повеќе држави и нивни делови останаа без електрична енергија меѓу кои Албанија. Струја немаше и во делови на Хрватска и Црна Гора. Според Балуку ќе треба да се спроведе целосна истрага што ќе одземе подолго време, но првичните анализи покажуваат дека големите количества електрична енергија во преносниот систем и многу високите температури се причинител на хаваријата.

Снабдувањето со електрична енергија на Албанија беше обновено во рок од половина час, но земјата и понатаму е изложена на висок ризик од дополнителни прекини, бидејќи потрошувачката на електрична енергија и нивото на топлина остануваат високи, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот