Бактериите стануваат отпорни на антибиотици, во септември пријавени 949 случаи

Антибиотици / Фото: Pexels/Pixabay

Според последните официјалани податоци најмалку антибиотици се пијат во Холандија, каде што 10 луѓе од 1.000 жители дневно пијат некаков антибиотик. Потоа следуваат Естонија, Шведска, Летонија, Австрија и Германија, каде што 14 од 1.000 жители пијат антибиотици во секој момент.

Имате вирусна инфекција, а ја лекувате со антибиотици. Грешката е голема, велат експертите и порачуваат рационална употреба на истите. Прекумерната и честа употреба на антибиотици доведува до резистенстност, односно тие не ги убиваат бактериите, а со тоа и не лекуваат. Само за еден месец во земјава пријавени се 949 случаи на резистентност на бактерии. Најголем дел од случаите дури 769 биле од Скопје, а 83 од Куманово. Според последните официлани податоци најмалку антибиотици се пијат во Холандија, каде што 10 луѓе од 1.000 жители дневно пијат некаков антибиотик. Потоа следуваат Естонија, Шведска, Летонија, Австрија и Германија, каде што 14 од 1.000 жители пијат антибиотици во секој момент.

Во Министерството за здравство за „Слободен печат“ велат дека бактериите се се почесто отпорни на антибиотици, но дека бројката од 949 случаи е во рамки на очекувањата.

– Оваа бројка е во рамките на очекувањата, за споредба, во август биле детектирани 1.040 случаи, во јули 756 итн. Од овој Извештај не може да се заклучи дали има прекумерна употреба на антибиотици, но може да се испрати апел за нивна рационална употреба- велат во Министерството.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје во текот на септември, 2023 година во ИЈЗ се пристигнати 949 пријави за изолиран-докажан причинител на заразна болет и резистенција на антибиотици.

– Најголем број пристигнати пријави се од лабораториите кои се наоѓаат на територијата на ЦЈЗ Скопје – 81,0 проценти и ЦЈЗ Куманово 8,7 отсто. Најчесто пријавувани причинители во месец септември се: МРСА, Салмонелла ентеритидис и ХПВ- стои во Извештајот на ИЈЗ.

Експертите велат дека бактериите се отпорни на антибиотици кога одредени лекови ја изгубиле способноста да убијат или да го запрат растот на одредена бактерија. Одредени бактерии се природно отпорни на одредени антибиотици.

-Најголем проблем е кога одредена бактерија, која е нормално чувствителна на антибиотици, станува резистентна како резултат на адаптација поради генетска промена (стекната отпорност). Инфекциите предизвикани од резистентни бактерии бараат повисоко ниво на грижа, како и алтернативни и поскапи антибиотици, што може да резултира со посериозни несакани ефекти- велат експертите.

Отпорноста на антибиотици е природен феномен предизвикан од мутации во гените на бактериите. Но, прекумерната и несоодветна употреба на антибиотици го забрзува појавувањето и ширењето на бактерии отпорни на антибиотици. Кога се изложени на антибиотици, бактериите отпорни на антибиотици продолжуваат да растат и се размножуваат. Овие отпорни бактерии можат да се шират и да предизвикаат инфекции дури и кај луѓе кои не земале антибиотици.

Резистентноста на антибиотици се јавува од повеќе причини. Најчесто е ако користите антибиотици од погрешни причини.

Повеќето настинки и грип се предизвикани од вируси против кои антибиотиците не се ефикасни. Во овие случаи, нема да ја подобрите вашата состојба со земање антибиотици: антибиотиците нема да ја намалат температурата или да ги елиминираат симптомите како што е кивањето. Ако неправилно користите антибиотици: ако го скратите времетраењето на третманот, ги намалите дозите, сами го менувате режимот на дозирање (лекот го земате еднаш дневно наместо 2 или 3 пати на ден како што ви препишал лекарот), нема да се акумулира доволно количество на лекот во телото, така што бактериите ќе преживеат и ќе станат отпорни.

Антимикробната отпорност е голема закана за глобалното здравје, а податоците покажуваат дека отпорните бактерии се одговорни за околу 1,2 милиони смртни случаи годишно.

Продажбата на антибиотици во Бугарија падна за речиси 35 отсто по воведувањето на дигитални рецепти. Една од главните цели на бугарските власти е ограничување на непотребното користење на антибиотици.

Истражувањето на Евробарометар објавено на крајот на 2022 година покажа дека 33 отсто од Бугарите пиеле антибиотици минатата година, а 13 отсто признале дека лекарот не го препишал лекот.

Ова е можно бидејќи хартиените рецепти не дозволуваат контрола на продажбата. Само Малта (42%) и Луксембург (36%) покажуваат поголем процент на луѓе кои користат антибиотици.

Според податоците на Организацијата за европска соработка и развој, најмалку антибиотици се пијат во Холандија, каде што 10 луѓе од 1.000 жители дневно пијат некаков антибиотик. Потоа следуваат Естонија, Шведска, Летонија, Австрија и Германија, каде што 14 од 1.000 жители пијат антибиотици во секој момент.

Во ЕУ по антибиотик најчесто посегнуваат Грците, каде што 36 од 1.000 жители се на антибиотска терапија. Многу антибиотици се пијат и во Франција, Белгија и во Италија, каде што на вакви лекови се 28 од 1.000 луѓе.

Во ЕУ драстичен пад на употребата на антибиотици после ковид

Според податоците на Евробарометар, употребата на антибиотици достигна рекордно ниско ниво во ЕУ во 2021 година. Таа падна од 40 проценти во 2009 година на 23 проценти во 2021 година.

Европјаните не знаат дека антибиотиците не убиваат вируси

Незнаењето за европјаните за употребата на антибиотици е алармантно бидејќи само половина од испитаниците знаеле дека тие се неефикасни против вирусите. Во ЕУ, само половина (50 проценти) од испитаниците знаат дека антибиотиците не ги убиваат вирусите. Скоро два од пет (39 проценти) погрешно мислеле дека антибиотиците убиваат вируси, а 11 проценти рекле дека не знаат.

Фото: Слободен печат/Принскрин

Мнозинството Европејци (62 проценти) точно изјавиле дека антибиотиците се неефикасни против настинки, додека 30 проценти погрешно верувале дека се ефикасни против настинки. Околу една третина (30 проценти) од учесниците рекле дека сè уште најмногу земаат антибиотици за настинка (11 проценти) или грип (10 проценти), а други 9 проценти пријавиле дека земале антибиотици за СОВИД-19. Тоа се болести кои обично се предизвикани од вируси, а не од бактерии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот