Бакингемската палата во паника: Контроверзниот документарен филм ја прикажува кралицата Камила како „злобната, опасна маќеа“

Кралицата Камила / Фото: - / INSTAR Images / Profimedia

Новиот документарен филм на британската телевизија Канал 4 ќе се занимава со сложените односи во кралското семејство, а неговото емитување наводно било одложено откако на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак поради стравот на продуцентите од можни негативни реакции.

Според британски „Сан“, документарецот ќе ја прикаже кралицата Камила како личност која внимателно го градела својот имиџ во медиумите во последните 30 години, а извори тврдат дека ќе биде „исклучително контроверзен“.

Во документарецот се сугерира дека кралицата Елизабета не сакала Камила да стане кралица. Според изворот на „Сан“, документарниот филм е „про-Хари и анти-Камила“.

На него се прикажани принцот Хари и Меган како жртви на немирни семејни односи, за што се вели дека предизвикува бура од реакции, особено во Бакингемската палата. Нагласени беа и наводите на Хари за однесувањето на членовите на семејството кон него и Меган.

Во своите мемоари „Резерва“, Хари ја опиша Камила како „злобна маќеа“. Тој и неговиот брат Вилијам се обиделе да го убедат својот татко да не се венчаат повторно, но безуспешно.

Хари, исто така, ја обвини Камила дека ги користи медиумите за да го подобри сопствениот имиџ, дури и на сметка на него и Меган. Камила ја нарече „опасна“ поради нејзините врски со британските медиуми и манипулација со информации.

Документарец наречен „Камила: Злобната маќеа на Хари?“ треба да се емитува наскоро. Продуцентите наводно се обиделе да стапат во контакт со Хари и Меган за да учествуваат во снимањето, но не добиле одговор.

ФОТО+ВИДЕО | Кралот Чарлс Трети го откри својот прв портрет по крунисувањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот