Бајден во среда ќе го прими Зеленски во Белата куќа

Џо Бајден и Владимир Зеленски/ Фото Архива на Слободен печат

Претседателот на САД, Џо Бајден оваа среда ќе го прими украинскиот колега Владимир Зеленски во Белата куќа, потврдија од администрацијата на Бајден, пренесува Ројтерс.

„Оваа посета ќе ја афирмира непоколебливата поддршка на Соединетите држави за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина наспроти тековната агресија на Русија“ изјавија во соопштението на Белата куќа.

Тие се очекува да разговараат за односот на Украина со Русија, како и за состојбата во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот