Бајден нема намера да се откаже од претседателската трка

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/STAN GILLILAND

Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од кандидатурата за претстојните избори и нагласи дека е подготвен да победи во ноември.

-Дозволете ми да го кажам ова што е можно појасно: се кандидирам, никој не ме тера. Не заминувам. Во оваа трка сум до крајот и ќе победиме – рече претседателот, пренесен од американските медиуми.

Како што беше најавено претходно, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд ја поддржаа кандидатурата на претседателот Џо Бајден за претстојните избори во САД.

-Претседателот отсекогаш ни го чувач грбот. Ќе го чуваме и ние неговиот – изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур, по состанокот со Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа, на кој присуствуваа 24 демократски гувернери.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, изјави дека сите гувернери ветиле поддршка за Бајден.

-Претседателот учествува во трката за да победи, истакна таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот