Бајден: На демократијата во светот и се потребни шампиони

Џозеф Бајден / Фото: ЕПА

Американскиот претседател Џо Бајден, на виртуелниот самит на кој присуствуваа околу сто земји, денеска изјави дека на демократијата и се потребни „шампиони”.

„На демократијата во светот и се потребни шампиони за да се спротивстави со големите и загрижувачки предизвици”, порача Бајден од Белата куќа, опкружен со билборди на кои пишува „Самит на демократијата” и лого во сина, портокалова и бела боја.

Тој рече дека дури и САД „мора постојано да се борат за да останат на висината на своите демократски идеали” и додаде дека ниту една поканета земја „не е совршена”.

Бајден ги повика со заеднички сили да се спротивстават на „автократите” кои „ги оправдуваат нивните репресивни политики и практики како најефективно средство за соочување со предизвиците во моментот”.

Со тоа, рече тој, „тие сеат семе на сомнеж во капацитетите на демократските држави, во нивната ефикасност во грижата за своите граѓани”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот