Баерн договори засилување од 51 милион евра

Фото:.EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Жоао Палиња од редовите на Фулам е пред трансфер во Баерн Минхен за сума од 51 милион евра и плус пет кои би биле исплатени преку бонуси.

Гермнаскиот новинар Флоријан Платенберг кој скоро секогаш има точни информации кога е во прашање Баерн Минхен, тврди дека е постигнат договор и се чека само потписот.

Официјализација на трансферот треба да се случи по завршувањето на Европското првенство на кое Палиња настапува со Португалија и го чека четвртфиналето против Франција.

Претходното лето, Палиња беше блиску до Баерн, но трансферот пропадна во последните моменти бидејќи британскиот клуб не можеше да најде замена. Во изминатата сезона настапи на 33 натпревари во кои постигна четири гола и запиша една асистенција.

Најавите се дека со Баерн ќе потпише на четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот