Автобус удри во бетонски столб на мост во Анталија, возачот мртов, а дваесет туристи се повредени

Анталија полиција / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Возач на автобус загина, а 20 руски и белоруски туристи се повредени денеска кога автобус удри во бетонски столб на мост во Анталија, Турција.

Несреќата се случила кога автобусот, кој требало да превезе руски и белоруски туристи од хотел во Аланија до аеродромот во Анталија, удрил во бетонски столб на влезот на мостот Манавгат, јави турската телевизија НТВ.

Повредените по укажаната прва помош на лице место се пренесени во болница.

Од силината на ударот автобусот бил отфрлен на спореден пат. На местото на настанот се испратени голем број возила на Итната помош, а предниот дел од автобусот е целосно уништен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот