Австриската крајна десница има водство на парламентарните избори

Херберт Кикл од ФПО/ Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Австрискиот канцелар Карл Нехамер призна дека неговата конзервативна Австриска народна партија (ОВП) на денешните парламентарни избори не успеа да го намали јазот со крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО), откако првичните проценки покажаа дека ФПО победила.

Обраќајќи им се на своите поддржувачи, Нехамер рече дека ОВП треба да се држи до ветувањата што ги дала пред изборите, без да образложи дали тоа значи дека ќе се држи до неговото често повторувано тврдење дека нема да влезе во влада во која е лидерот на ФПО, Херберт Кикл Ројтерс.

Кикл претходно изјави дека ФПО е подготвена за разговори со сите партии за формирање влада по победата на парламентарните избори одржани денеска.

Тој додаде дека и другите партии треба да го преиспитаат своето одбивање да коалицираат со него, пренесе Ројтерс.

Во Австрија денеска околу 6,35 милиони граѓани со право на глас излегоа на парламентарните избори за да изберат 183 членови на Националниот совет.

Парламентарни избори утре во Австрија, крајната десница очекува победа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот