Австријци ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Еди Рама - Фотографија ЕПА, Јоргос Вицарас

Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата.

– Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона – најави Рама во поткастот „Зборуваме”.

За изградба на комплекс во Корча се заинтересирани „многу сериозни инвеститори“ од Австрија.

– Наскоро, со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот, ќе почнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија – најави Рама.

Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.

Наведувајќи дека Албанија годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи, премиерот оцени дека „како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот