Aтракција на Тасос: Медитеранскиот базен на боговите во кој се капела Афродита

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Грчкиот остров Тасос крие еден од најубавите природни базени кој е споен со морето.

Плажата Гиола, освен што ја нарекуваат природен базен, ја нарекуваат и природна морска лагуна во карпите, а оние што ја посетиле при поголеми бранови, велат дека тоа е природното „џакузи“ на Тасос.

Со зборови не може да се опише убавината што ја сочинуваат комбинацијата од бранови, карпи и природниот базен во облик на солза наречен Гиола, познат и како „Солзата на Афродита“.

Според митологијата, природниот базен го создал Зевс за да може во него да се капе Афродита, божицата на љубовта и убавината, а според древните приказни, Тасос бил и островот на сирените, од кој тие оттаму ги повикувале и ги мамеле морнарите со своите прекрасни гласови.

Базенот, кој е една од главните атракции на Тасос, е долг околу 20 метри и со тесен премин е поврзан со морето.

Околу базенот нема песок, а ниту сенка, поради што најдобро време за капење е наутро или доцна попладне.

Ако сакате да го избегнете метежот, најдобро е да дојдете околу осум часот наутро, а веќе еден час подоцна околу базенот се создава метеж. Многу луѓе скокаат во базенот од околните карпи високи до осум метри, што е една од омилените активности.

А, ако огладнете, во близина на базенот ќе најдете мала таверна со поволни цени, каде што можете да изберете некој од традиционалните медитерански специјалитети.

До Гиола можете да стасате со автомобил, така што со возило ќе дојдете до Астрис, ќе се паркирате и ќе пешачите до морето. Од Потос и Лименарија се организираат туристички тури со бродови кои застануваат на Гиола, пренесува „Пункуфер“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот