Арсовски: Владата должи одговор на прашањето како до евроинтеграции без француски предлог

Фото: Телма / принтскрин

„Владата поспоро ги исполнува своите обврски и пополека оди. Некој драматичен успех нема, ни што е право 100 дена можеби не се доволни за некои од политиките да ги видиме“, рече политичкиот аналитичар Петар Арсовски по повод стоте дена од работата на новата влада, во емисијата „Топ тема“ на „Телма“.

„Не сме импресионирани од тоа како Владата побрзо се постави на шини и почна да ги спроведува своите сопствени приоритети. Некако чудна комбинација на исчекување и можеби нетрпеливост кај јавноста по 100 дена од Владата“, рече тој.

За вчерашниот говор на премиерот Христијан Мицкоски за отчетот во Владата, Арсовски истакнува дека нема големи забелешки, но проблемот вели дека имиџот и впечатокот на јавноста од владеењето на партијата на власт не се прави само од говори.

„Премиерот сака да проектира слика на поголема умереност и поголемо државничко однесување. Говорот беше подобар од просекот на говорите на ВМРО-ДПМНЕ, но проблемот е етноцентристичката и антагонистичката реторика кон меѓународната заедница“, додаде Арсовски.

Коментирајќи ги обидите да се постигне нов договор со Брисел за продолжување на преговорите, тој рече дека ќе биде многу тешко Владата да успее да издејствува измени во преговарачката рамка. Според Арсовски, таа ѝ должи одговор на јавноста – што ќе прави доколку не успее во тоа?

„Најмногу затоа што меѓународната задница нема разбирање за нашата потреба за ревизија на овој пакет, тие го сметаат тоа како завршена работа и се чека на нас да завршиме некои обврски. Бидејќи ние сакаме тоа да го смениме, нашиот пат е потежок, а, за жал не гледам никаква мотивација ниту во Брисел, а особено не во Софија, која на крајот мора да се согласи на таквата промена, да менува било што од тој пакет. Владата мора да биде чесна и мора да ја редуцира својата стратегија до нејзиниот апсурд. Што ако не успее да го смени пакетот? Дали тогаш ќе каже не за евроинтеграциите? Владата го должи тој одговор кон јавноста. Имплицитната порака овде е дека можеби владата веќе размислува што ќе прави ако нема евроинтеграции, дали ќе се сврти на домашни реформи, дали ќе бара други меѓународни сојузништва. Едноставно владата должи одговор на прашањето како до евроинтеграции без француски предлог“, рече арсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот