Арсен Венгер го најави првото ФИФА Светско првенство во „Фудбал менаџер“

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) официјално потврди дека оваа година за првпат ќе се одржи Светско првенство во популарната видео игра „Фудбал менаџер“.

Ваквиот потег е знак дека ФИФА полека става сериозен акцент на е-спортовите. Победникот од ова натпреварување ќе биде награден со сума од 100.000 американски долари.

Натпреварувањето го најави поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер кој веќе неколку години работи во делот на ФИФА за иновации, а ќе биде и амбасадор на ова првенство.

„Натпреварувањето бара од учесниците да имаат големо и длабоко познавање на фудбалските стратеги ии тактики“, изјави Венгер .

ФИФА ќе одбере неколку фудбалски федерации и ќе им понуди учество на Мундијалот, одредени земји ќе имаат и свои незавидни тимови. Првенството ќе се игра од 29. август до 1. септември оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот