„Арогантен слабак“: Детали од животот на кралот Чарлс Трети кои го изненадија светот

Фото: Profimedia

Чарлс Трети вчера беше крунисан во Вестминстерката опатија во Лондон, а за кралската служба тој се подготвуваше долги години. Но, кој е, всушност, новиот крал на Велика Британија?

Чарлс ја доби титулата принц од Велс на свечена церемонија во 1969 година. Тој е принц кој најдолго го чекал своето крунисување, но неговите критичари сметаа дека Чарлс е „лош изданок на Виндзорскиот замок“ и дека чекањето било за доброто на сите, пишува „Стил“.

Том Бауер, авторот на неовластената биографија на Чарлс – „Rebel Prince“, го прикажа како „арогантен слабак кој ужива во луксуз и ексцентрик кој не поднесува критика“.

Тој е најстариот од четирите деца на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Чарлс е роден е на 14 ноември 1948 година, како прв внук на кралот Џорџ Шести и кралицата-мајка Елизабета.

Кога неговата мајка го презела тронот на 25-годишна возраст, тој имал само три години. До наследувањето на престолот ја носел титулата принц од Велс и војвода од Ротси.

Го презирал своето училиште „Gordonstoun“ во Шкотска, во кое учел и неговиот татко, но затоа, пак, станал првиот престолонаследник со универзитетска диплома од Кембриџ. Дипломирал во 1976 година, а потоа служел во Кралските воздухопловни сили и морнарицата.

Потоа следувала венчавката во 1981 година со Дијана Спенсер, со која ги доби двата сина – принцот Вилијам и принцот Хари. Сепак, парот се разведе во 1996 година. Веќе следната година, Дијана загина во страшна сообраќајна несреќа во Париз.

Чарлс најде утеха покрај Камила Паркер Боулс и започна романса со неа додека сè уште беше во брак со Дијана. Тие се венчаа во 2005 година, но името на неговата нова сопруга се поврзува со бројни контроверзии.

Чарлс јавно зборуваше за прашања како што се органското земјоделство и климатските промени, што му донесе награди и признанија од здруженијата за заштита на животната средина. Од друга страна, неговата поддршка за алтернативната медицина, вклучително и хомеопатијата, беше предмет на критики.

Тој е познат како љубител на архитектурата и често ја нагласувал важноста од зачувувањето на историските градби. Од 1993 година, Чарлс работи на создавање на Паундбери, експериментален нов град заснован на неговиот архитектонски вкус. Тој е и автор или коавтор на неколку книги.

Новиот британски крал многумина го опишуваат како чудна личност, а поради бројните скандали во кои е вмешан, републиканците се надеваат дека ќе биде лош монарх. Но, приврзаниците на кралското семејство, пак, сметаат дека поради долгата подготовка за оваа важна функција тој добро ќе се снајде во новата функција.

Поддржувачите на Чарлс веруваат дека неговата мудрост, промисленост и посветеност на заштитата на животната средина ќе му ја дадат јавната поддршка што ја заслужува.

Сепак, сѐ тоа е „извалкано“ со горчливиот крај на бракот со „кралицата на народот“, принцезата Дијана, и неприфаќањето на Камила од страна на јавноста.

Комплицирана личност

За својата книга „Rebel Prince“, Бауер разговараше со оние поранешни членови на персоналот на Чарлс кои беа лути или огорчени поради нешто. Меѓутоа, портпаролот на кралицата имал поинаков став за новиот крал.

„Тој е комплициран. Ретко среќавам некој кој е толку љубопитен за светот и желен да знае што се случува и зошто. Но, повеќе од сѐ, тој има ентузијазам и работни навики. Тој е многу посветен човек, со несоодветна смисла за хумор“, изјави Сајмон Луис, портпарол на кралицата од 1998 до 2001 година.

Пријателите на Чарлс, но и оние кои не се, велат дека тој е посветен на должноста. Неговиот работен ден започнува со појадок, тој секогаш го прескокнува ручекот, а завршува околу полноќ. Секојдневно.

Приватно, Чарш сака театар, сликарство, литература и опера. Се вели дека е голем обожавател на Леонард Коен. Најсреќен е во градината, го сака Шекспир, слика акварели и пишува книги за деца. Тој знае да биде забавен, но и да има големи барања. Неговите поранешни соработници тврдат дека е лесно избувлив.

Води луксузен живот

Официјалните бројки покажуваат дека неодамнешните патувања во странство на Чарлс биле најскапите во историјата на кралското семејство. Бауер, кој разговараше со 120 луѓе за книгата за Чарлс, неговиот животен стил го нарекуваат „хиперлуксузен“.

Но, кралот остро ги отфрли тие тврдења.

„О, не верувајте во тие с*ања“, на нетипичен начин одговори кралот Чарлс во една прилика.

Ракопис како чкртаница

Имено, во 2013 година беше откриено дека Чарлс за три години имал 36 средби со владини министри. Тогаш британскиот Врховен суд нареди неговите писма до министрите, кои медиумите ги нарекоа „меморандуми на црниот пајак“, бидејќи неговиот ракопис личи на чкртаници, да бидат јавно објавени.

Смртта на Дијана

Разводот на Чарлс со Дијана е тема која и ден-денес е актуелна меѓу народот, кои сѐ уште тагуваат по нивната омилена принцеза. Исто така, народот сѐ уште не може да ја прифати новата сопруга на Чарлс, Камила, која ја обвинуваат за крајот на првиот брак на кралот. Бројни анкети покажуваат дека Чарлс никогаш не закрепнал целосно од тој момент.

Истражувањето на јавното мислење од почетокот на оваа година покажува дека само девет отсто од испитаниците го доживуват Чарлс како омилен член на кралското семејство.

Интересни детали од животот на Чарлс кои ретко кој ги знае:

1. Неговиот автомобил работи на вино

Чарлс го вози својот автомобил Астон Мартин, кој мајка му му го подарила за неговиот 21 роденден, на биогориво направено од вишок англиско вино. Исто така, тој има Јагуар, Ауди и Рејнџ Ровер, кои работат на 100 отсто биодизел направен од искористено масло за јадење.

2. Првиот британски престолонаследник со диплома

Принцот Чарлс стана првиот наследник на кралското семејство кој стекнал универзитетска диплома во 1971 година. Дипломирал на Тринити колеџот на Универзитетот во Кембриџ, а магистрирал на истата школа во 1975 година.

3. Има навистина долго кралско име

Неговата целосна официјална титула досега гласеше: Неговото кралско височество принцот Чарлс Филип Артур Џорџ, принц од Велс, КГ, КТ, ГЦБ, ОМ, АК, КСО, ПЦ, АДЦ, гроф од Честер, војвода од Корнвол, војвода од Ротси, војвода од Керик, барон од Ренфру, лорд на островите и принц и голем управник на Шкотска. Обидете се да го повторите десет пати.

4. Дава ужасни подароци

Во 2003 година, принцот Чарлс му испратил шише виски на Ози Озборн, како подарок за добро здравје. Единствениот проблем е што Ози Озборн е алкохоличар кој се лекува од зависност. Секако, сопругата на музичарот не била премногу задоволна од подарокот.

5. Само еднаш му се спротивставил на својот татко

Принцот Филип бил прилично тврдоглас човек, па не треба да изненадува што принцот Чарлс му се спротивставил само еднаш во животот. Тоа се случило пред неколку години, кога двајцата се расправале и Чарлс му возвратил со: „Запомни со кого зборуваш: идниот крал“.

6. Автор на книга за деца

Верувале или не, во 1980 година принцот Чарлс напиша (и објави) книга за деца со наслов „The Old Man of Lochnagar“.

7. Далечен роднина на Дракула

Во ред, тој не е далечен роднина на грофот Дракула, но тој е далечен роднина на влашкиот војвода Влад III Цепеш, благородникот од 15 век кој стана инспирација за приказната за Дракула на Брам Стокер.

8. Пребирлив за храна

Не само што инсистира јајцата да му се варат точно седум минути, туку бара и чај, мафини и седум варени јајца да се служат секој ден од 16 до 17 часот. Но, неговата пребирливост не застанува тука. Имено, тој бара од своите готвачи да прават поширани јајца во секој оброк, да го готват зеленчукот на пара во одреден вид минерална вода и да го направат неговиот џин од портокали и овошје одгледани во резиденцијата Хајгров.

9. Тој спие гол

Дефинитивно, не залудно го прогласија за многу чудна личност со неверојатни навики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот