Аргентинскиот претседател го нарече Папата „имбецил“, па сега бара помирување

Хавиер Милеи / Фото EPA-EFE/Luciano Gonzalez

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи го покани папата Франциск да ја посети неговата татковина, изјави портпаролот на Милеи, како обид за смирување по нападите врз католичкиот водач во последните години.

Милеи сака Франциск да ја посети земјата затоа што „неговото присуство и порака ќе придонесат за обединување на земјата и ќе ја дадат колективната сила потребна за зачувување на мирот, да работиме за просперитет и подобрување на земјата“, рече портпаролот на претседателот Мануел Адорни на редовната прес-конференција.

Милеи го нарекува Папата со секакви имиња, од „имбецил“ до ѓавол на земјата, но го ублажи неговиот тон откако беше избран во ноември, нарекувајќи го „Неговата Светост“. Претседателскиот кабинет соопшти дека двајцата разговарале по телефон по изборот на Мајли, а новоизбраниот претседател изразил надеж на Аргентина дека „многу наскоро“ ќе биде домаќин на посетата на Фрамциск.

Папата Франциск (87) се уште не ја посетил Аргентина од неговиот избор пред десет години. 87-годишниот Папа во последниве години се справува со голем број здравствени проблеми и сега користи помагала за движење како инвалидска количка или бастун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот