Аргентинци издоминираа на Копа Америка: Ваква ситуација првпат се случува на големите натпреварувања

Фото: EPA-EFE/WILLIAM PURNELL

Паралелно со Европското првенство во Јужна Америка се игра и Копа Америка каде што што изминатата вечер заврши групната фаза.

Сега на турнирот следува слободен ден, а потоа со пресметките од четвртфиналето започнува нокаут фазата.

Но, по завршувањето на групите се доби ситуација која за првпат се случува на едно големо натпреварување (Светско првенстов, Копа Америка, Африкански Куп на Нации, Азиски, Куп или Голд Куп).

Имено, сите репрезентации кои беа победници во своите групи од клупата се предводени од аргентински селектори. Никогаш претходно не се случило од иста земја да бидат победниците на сите групи на големо натпреварување и ова секако дека е ситуација која тешко би се повторила.

Скалони ја освои групата „А“ со Аргентина, додека Батиста ја освои групата „Б“ со Венецуела. Во групата „Ц“, Биелса го предводеше Уругвај до првото место, а Лоренцо ја освои групата „Д“ со Колумбија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio Zero (@radiozeroarrecifes)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот