Апатурај: НАТО останува на Црното Море и покрај ставот на Русија

Фото: EPA/ZURAB KURTSIKIDZE

НАТО ќе ги задржи претставниците во Црно Море без оглед на ставот на Русија, изјави во интервју за грузискиот Прв канал специјалниот претставик на генералниот секретар на Алијансата за Јужен Кавказ и Централна Азија, Џејмс Апатурај.

Тој додаде дека за тоа НАТО има поддршка од сојузниците и партнерите.

– Имаме блиска соработка, политички консилтации и размена на информации со Грузија и со Украина, истакна Апатурај

Тој наведе и дека Велика Британија доставила информација до НАТО за инцидентот со разорувачот.

– НАТО има цврст став за слободна пловидна и дека Крим е Украина, а не Русија. За време на овој инцидент. За време на овој инцидент сојузниците од НАТО покажаа цврстина во одбрана на принципите… Русија треба да сфати дека сојузниците од НАТО не се попвлекуваат кога станува збор за вакво прашање, посочи Апатурај

Конфликт меѓу Британија и Русија: Што всушност се случи со британскиот брод во Црното море?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот