Анже Логар во посета на Бугарија поради ветото кон Северна Македонија

Ljubljana, vlada. Novinarska konferenca na daljavo o aktualnem dogajanju v zvezi s koronavirusom. Minister za zunanje zadeve Anze Logar.

Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, изјави дека една од неговите први претстојни посети ќе биде во Бугарија, во врска со бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ,  јави Бугарското национално радио.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот Логар изрази надеж дека по предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се формира влада со големо мнозинство, така што таа ќе работи, вклучително и на прашањето за Северна Македонија.

Тој истакна дека спорот мора да се реши меѓу двете земји и коментира дека една од земјите има резерви за Северна Македонија, што значи дека тие мора да бидат елиминирани и да се најде решение „да ги задоволи земјите-членки и да не го комплицира процесот на преговори, ниту пак ја отвора Пандорината кутија”.

Министерот Логар потсети дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле условите за почнување преговори и затоа следниот чекор треба да биде почнување на меѓувладина конференција со нив. Амбасадорот на Словенија во Софија денеска ги презентираше приоритетите на претседателството со второто словенечко претседателство со ЕУ, што почнаа вчера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот