Анкета: Над 50 проценти од Американците не се задоволни од работата на Бајден

Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Ken Cedeno

Педест и осум отсто од Американците не се задоволни од работата на претседателот Џо Бајден, покажуваат резултатите од анкетата на  Си-Ен-Ен.

Анкетата покажува дека само 36 проценти од независните и само девет отсто од републиканците ја пофалија работата на Бајден.

Од друга страна, 83 проценти од демократите се изјасниле дека се задоволни од работата на Бајден што е пад од 11 отсто во споредба со рејтингот на американскиот претседател во летото 2021 година, кога имаше поддршка од 94 проценти.

Поддршката за Бајден бележи пад во време кога се одвиваат тековни разговори за новите законодавни иницијативи на Белата куќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот