Анкета: Граѓаните во Србија со најголема доверба во Вучиќ, најмала во Катастарот

Според најновото истражување на агенцијата Фактор плус, граѓаните најмногу и веруваат на институцијата претседател на Република Србија, а најмалку на Републичкиот геодетски завод, јавија белградските медиуми.

Доверба во претседателот на Србија имаат 55 отсто анкетирани, Владата на Република Србија 29%, армијата 31%, полицијата 32’, Собранието на Република Србија 22’, Народната банка на Србија 38%, здравствениот систем 30%… додека најмал број граѓани имаат доверба во Републичкиот катастар, само 18 отсто.

Истражувањето е спроведено врз примерок од 2.000 испитаници, а покрај истражувањето на ставовите за довербата на граѓаните во институциите, истражувањето ги носи и најновите податоци за рејтингот на партиите, каде СНС е на прво место со рејтинг од 46,8 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот