Нетанјаху за ОН вели дека е „антисемитско мочуриште“ – десетина дипломати ја напуштија салата за време на неговиот говор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборува за време на Генералната дебата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во седиштето на Обединетите нации во Њујорк EPA-EFE/SARAH YENESEL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во петокот инсистираше на тоа дека Израел нема „нема избор“ освен да продолжи да се бори против Хезболах во Либан и занемари да го спомене предлогот за 21-дневен прекин на огнот поддржан од САД за време на неговото обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Неговите коментари – или недостатокот од коментари околу планот за тринеделен прекин на огнот – веројатно ќе ги поткопа напорите предводени од САД и Франција да ги прекинат борбите и дополнително да ги фрустрираат западните официјални лица кои веќе се иритирани од неподготвеноста на Нетанјаху, пишува Политико.

„Се додека Хезболах го избира патот на војната, Израел нема избор. „Израел има целосно право да ја отстрани оваа закана и безбедно да ги врати нашите граѓани во нивните домови, а ние го правиме токму тоа“, рече израелскиот лидер.

Израелскиот премиер се соочи со тешка публика во Обединетите нации, каде што многу земји ги критикуваа акциите на Израел во Газа за ужасните хуманитарни последици.

Во текот на оваа недела, голем број светски лидери собрани на годишниот состанок на Генералното собрание на ОН ги искористија своите говори за да го осудат Израел, а некои исто така го обвинуваат Хамас. Имаше повици да се запре ескалацијата на борбите во Либан.

Десетици дипломати ја напуштија просторијата додека Нетанјаху говореше, оставајќи го целиот кат на Генералното собрание релативно празен. Но, тој донесе поддржувачи – семејствата на заложниците кои навиваа и аплаудираа за време на неговиот говор, пишува N1. 

Нетанјаху сепак им „пркосеше“ на критиките на Израел на Генералното собрание оваа недела, споредувајќи ги сцените од 7 октомври со холокаустот.

„Ја гледаме оваа морална конфузија дека Израел е лажно обвинет за геноцид. Ќе се бориме додека не постигнеме победа, целосна победа. Нема алтернатива за тоа“, рече тој.

Нетанјаху, исто така, ја упати својата критика кон ОН, опишувајќи ја институцијата како „антисемитско мочуриште, пренесува Дејли меил.

На една од мапите што Нетанјаху ги покажа за време на обраќањето, целата палестинска територија на Источен Ерусалим (Ал-Кудс), Западниот Брег и Појасот Газа беше прикажана како „Израел“, јавува Anadolu.

Источен Ерусалим, Западниот Брег и Појасот Газа се палестински територии според меѓународното право.

Повторувајќи дека „Хамас запали бебиња на 7 октомври“, Нетанјаху рече дека тие само „се бранат себеси“ во Газа и Либан, без да ги спомене жените, децата и постарите убиени од израелската армија, пишува Политико.

Иако во израелските напади во Газа досега се убиени повеќе од 16.500 деца и повеќе од 11.000 жени, Нетанјаху рече дека тие „се обидуваат да спречат цивилни жртви како ниедна друга војска во светот“.

Нетанјаху рече дека Израел сака да потпише договор за нормализирање на односите со Саудиска Арабија, тврдејќи дека тоа „ќе донесе мир на Блискиот Исток“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот